По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа.
По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола информираат дека во моментов резервоарите постепено се полнат, а системот контролирано се стабилизира за да се избегнат нагли промени на притисокот и евентуална појава на хидрауличен удар во водоснабдителната мрежа.
Поради постепеното стабилизирање на системот, во одредени, особено повисоки делови од градот, притисокот на водата сè уште може да биде намален.
Од „Водовод“ посочуваат дека со достигнувањето на потребното ниво во резервоарите, притисокот постепено ќе се стабилизира и ќе се врати на вообичаените вредности.
Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола остануваат на терен и континуирано ја следат состојбата со водоснабдителниот систем.
Во прилог на видеото можете да го погледнете целосното соопштение од ЈКП „Водовод“ – Битола.













