Денеска започна реконструкцијата на водоводната мрежа на делница од улицата „Маркс и Енгелс“ во Битола, информираат од ЈКП „Водовод“ – Битола.
Со проектот е предвидена реконструкција на две делници, односно 184,28 метри на првиот профил и 69,48 метри на вториот профил. Во рамки на работите ќе бидат реконструирани и 35 куќни приклучоци, при што вкупната должина на мрежата зафатена со приклучоците изнесува 396,8 метри.
Од ЈКП „Водовод“ посочуваат дека проектот е дел од проектите добиени во рамките на Вториот повик на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на проекти за унапредување на локалната самоуправа.
Реконструкцијата е дел од пошироките активности за постепена и целосна замена и модернизација на водоводната мрежа во градското подрачје на Битола.
Целта е да се подобрат сигурноста и квалитетот на водоснабдувањето, како и да се обезбеди постабилен водоснабдителен систем за граѓаните.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола најавуваат дека граѓаните навремено ќе бидат информирани за наредните активности и динамиката на изведување на градежните работи.
ВОДОВОД БИТОЛА ЗАПОЧНА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА НА КОРИСНИЦИТЕ И ВОДОМЕРИТЕ
ЈКП „Водовод“ – Битола започна организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци....
Прочитај повеќе













