Италијанците се едни од шампионите во подготовката на вкусни и едноставни јадења без премногу состојки. Еве еден рецепт кој докажува дека е навистина така.
Состојки:
- 450 гр тестенини
- 12 лажици путер
- 170 гр сирење
- 250 гр пилешко
- сол
Подготовка на фетучини алфредо со пилешко:
- Варете ги тестенините, а на грил тава испечете ги пилешките гради.
- Во тавче растопете го путерот, а тестенините процедете ги и зачувајте ја водата во која се варени. Префрлете ги тестенините во тавче со путер и сол, додадете една рака рендано сирење и една лажица топла вода за тестенините и постојано мешајте.
- Додaвајте го сирењето по умерено, мешајте помеѓу секое додавање, додека не се потроши. Доколку е потребно, додадете уште топла вода.
Послужете со пилешко – и уживајте!
Добар апетит!