Јагодите брзо се расипуваат, но едноставен трик може значително да им ја продолжи свежината. Пред да ги ставите во фрижидер, потопете ги неколку минути во ладна вода со малку сода бикарбона.

Овој процес помага да се отстранат нечистотиите и бактериите кои го забрзуваат расипувањето. По потопувањето, важно е јагодите добро да се исплакнат со чиста вода и целосно да се исушат со хартија или крпа.

Потоа чувајте ги во фрижидер, по можност во сад со хартија на дното што ќе ја впие вишокот влага. На овој начин, јагодите ќе останат свежи и вкусни значително подолго.

















