На 26ти Јануари во Офицерски- Битола , 19 часот, ќе се одржи “Калеидоскоп на звукот” – концерт на Доминика и Симон Поповски.
Главната идеја е да се биде хуман, а притоа и да уживаме во звукот на безвременските сонатни ремек дела. Сите средства ќе бидат донирани на Домот за доенчиња и мали деца – Битола.
На програмата се три сонати од норвешкиот композитор Едвард Григ, рускиот гениј Сергеј Прокофјев и францускиот бунтовник Клод Дебиси.
“Сите три сонати се динамични, носат во себе посебни стилски карактеристики, а се и технички и уметнички предизвик. Самите композитори се познати музички револуционери кои не биле љубители на правила, па така создале дела кои зрачат со живот.” вели дуото.
“Ние уживавме додека се подготвувавме со цел вие да уживате во крајниот производ, а притоа заедно да направиме некое добро дело и да изнудиме детска насмевка. Ве очекуваме во петок.” истакнува Доминика.

Билетите по цена од 200 денари може да се купат на https://kupikartizase.com/ или во Brothers Tobacco на Широк Сокак и во Т.А. Бела Роза