Битолскиот клуб Џиуџицу на 27 март во Врање, Република Србија се врати со четири медали и ја претстави Македонија во најдобро светло во турнирот ММА .
Иако дечките постигнаа супер успех со кои треба сите ние да се фалиме дека имаме луѓе кои успешно и со ентузијазам го практикуваат тој спорт во јавноста тоа многу и нешто не одекна.
А како да одекне, кога дечките велат дека заминале на свој трошок и со приватни спонзорства без било која институција на државно или локално ниво.
Па се прашуваме: Дали државата, општините и институциите треба да го игнорира и на ваков начин, да го “мотивира” успехот во овој тип на спортови? Каква порака се испраќа општо до младите, кои наместо да денгубат или да се иселуваат, се обидуваат да направат нешто во средините во кои се родиле и пораснале?
Дечки, браво! Сите ние, засега малкумина што разбравме, се гордееме со вашиот успех, иако до денес бевте речиси непознати за нас.