Многумина од нас денес се воздржуваат од одредени потфати и чекори во животот со изговор дека се спречени, дека немаат услови, дека е премногу тешко, дека е невозможно …
Примерот на Снежана Караџовска, ни кажува дека и за „невозможните“ работи потребна е само вистинска желба и силна волја.
Снежана со две ампутирани нозе и протетски помагала како нивна ефикасна замена, се охрабри да трча маратон. Таа беше херојот на ХалкЕко Скопје Трча Маратонот на 10 километри, на кој беше формален учесник со број 809. Не е ни важно колку истрча, ни дали и како го заврши маратонот, силната пораката која ја испрати е гласот на лицата без екстремитети и други телесни попречености долго ќе одекнува и меѓу условно „здравите“ кои бараат изговори со кои го покриваат немањето храброст да направат „невозможни“ нешта.
Денес е денот на мајката! За мојата мајка, затоа што јас сум мајка, за сите жени, мајки да ја подигнеме свеста за постоењето на лицата со ампутација – Тука сме меѓу вас, не не игнорирајте, не не блокирајте
– напиша Снежана Караџовска на нејзиниот ФБ профил