Кепенци
четврток, септември 25, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
во Анфас
74 1
Разговорот го водеше Ивана Христова

Прво сонуваме, а потоа веруваме дека иднината ќе ни го претвори сонот во реалност. Како и секогаш, битолчани се пример како народ со најмногу млади таленти кои својата желба ја оствариле со упорност и верба, поминале препреки за да покажат и докажат дека иднината останува на младите.

Повторно кепенци трагаше по амбициозните, успешните, неоткриени ,,светови” и дојде до новата авторка која за читателите подари исклучително поинаков роман од останатите.

Мелиса Комина и нејзината книга ,,Како индиго под ѕвездите” оставија забележителен траг веднаш по двете организирани промоции, а со тоа докажа дека без разлика на етичката припадност, немањето време, стереотипите и дискриминацијата која владее низ луѓето, сепак може да се успее и да се дојде до вистинското ЈАС, кое може да ги прескокне сите невозможни граници и да го замолкне егото на дите останати.

Битола е град на млади таленти во кои се вклучуваш и ти. Кажи ни на кратко, која е новата писателка Мелиса Комина?

– Кога треба да зборувам за себе некако не знам што да кажам поточно. Можеби би почнала од тоа колку години имам. Имам 19 години, учам медицина на Високата медицнкса школа и работам во Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ.

Секој процес на пишување и издавање носи своја тежина. Колку време ти требаше да го создадеш ова твое прво дело?

– Можеби е необично, па дури и неверливо, но ми требаше точно три месеци да го напишам ова дело. Толку кратко за толку обемен роман. Толку кратко време затоа што се посветив целосно. Книгава ја пишував за време на пандемијата со Ковид 19. И всушност тоа беше добар залак за мене, бидејќи тоа ми помогна да не паднам во депресии и очај туку да бидам зафатена.

Постоеја ли моменти на ,,обесхрабреност” додека твореше? Или секогаш инспирацијата ти беше главна алка која те врзуваше со пишувањето?

– Искрено не. Единствено нешто ми беше тоа. Станував од сабајле и не ни го миев лицето, туку брзо го земав телефонот и пишував. Навечер седев до касно поправајќи ги текстовите, а потоа кога бев малку поопуштено, можев и во природа опколена со звуците на птиците да добијам уште поголем мотив да творам. Единствена пречка ми беше крајот. Не знаев како да го завршам. Тоа ми падна како најтешко обесхрабрување, бидејќи не сакав да заврши приказната. Не сакав да ги предадам тие ликови на светот. Не сакав да се разделам од нив. Едноставно ми беше преубаво секој ден да се бидам и да легнувам со нив. Морав да се помирам со тоа и секојдневно се обидував да ја завршам приказната. Тоа е и главната причината зошто е книгата толку голема.

,,Како индиго под ѕвездите” е насловот на твојата книга! Како дојде до идеа за тој наслов? Дали зад него стои нечија животна приказна? Или индигото под ѕвездите е само измислица под која се прецртува твојата имагинација, фантазија и создавање нешто ново и несекојдневно што не се случило?

– Насловот е осмислен заради тоа што ми влијаеше премногу една личност додека творев. Кога ќе се спомне индиго луѓето се потсетуваат на сината боја, но и на онаа мала хартија која може да преслика на другата страна. Главниот лик Алекс ја сака сината боја, а Јоди неговата сопатничка црвената боја. Во чест на Алекс го избрав овој наслов, затоа што и како велат: ,,Среќата произлегува кога ги правиме среќни другите.” Да тој е само имагинарна личност, но навистина направи преголеми промени во мојата личност. Додека пишував секојдневно се менував и секојдневно сè повеќе се вљубував во ликовите.

Каква цел постигна со издавањето на своето првенче? Што значи да се биде млад автор пред кој можеби стои идна поголема творечна кариера?

– Остварување на мојот сон. Дали тоа се смета дека е целта? Не, не ми е целта да стекнам кариера и да градам некое име, туку едноставно сакам на светот да му ја доловам пораката во книгата, а таа е: ,,Прегазете ја гордоста, проголтајте го егото и заборавете на грешките. Само сакајте и љубете до бескрај, бидејќи само љубовта може да нѐ излечи.”

Освен што имаш талент за пишување, дали поседуваш и некој друг што читателите не го знаат, а сакаш да ни го откриеш?

– Можеби имам, но засега сум го открила само овој.

,,Како индиго под ѕвездите” е проза или поезија? Кој жанр од книжевноста го носи во себе? Што можат читателите да очекуваат кога ќе ја земат твојата книга во нивни раце?

– Проза. Класифициран е во белетристика. Читателите можат да очекуваат да ги расположи и да им предизвика позитивни емоции, а воедно понатаму да ги расплаче и разнежни.

Твојот роман во две недели доживеа две големи промоции. Кажи ни ги твоите импресии за настаните, каква енергија ти донесоа луѓето кои беа присутни таму и секој кажан збор го впиваа и го претвора во чувство?

– Импресионирана сум што луѓето ме подржаа толку. Благодарна сум на моите промотори за убавите зборови. Во текот на нивното излагање имав чувство дека тие зборуваат за некоја друга личност, а не за мене. Навистина останав без зборови.

Спомeна дека освен што пишуваш, во слободно време читаш книги. Која книга ти има оставено најголем впечаток и по што ја двоиш неа од останатите? Кој автор најмногу те привлекува и би сакала лично да направите кафе – муабет?

– Книга не би рекла туку книги. И во самиот роман се наведени, но сепак јас ќе ги потврдам. Премногу сакам трагедија и драми, така што како книги кои ме восхитија и разнежнија се ,,Оправдана љубов”, ,,Ленинградска зима” и ,,Илјада неверојатни сонца”.
Би сакала да си направам кафе-муабет со Кристин Хана, таа жена се двои од останатите автори бидејќи е уникатно-совршена. Идеите ѝ се неверојатни и тоа добро знае да го склопи во една приказна.

Кое е твоето МОТО кое те ,,држи”, со кое се будиш, учиш, работиш, читаш и пишуваш?

– Живеј го секој ден со сите сетила. Искористи го како инспирација и поука и ќе сфатиш дека и најлошиот ден бил само една лоша приказна.

Која е твојата вечна поддршка за успех? Кој се гордее на твоите успеси, а кој те ,,крева” од твоите животни падови?

– Моето семејство и моите две најверни пријателки, благодарност до Бога дека ги поседувам.

Што мислиш, има ли иднина во пишувањето? Денес ретко младите читаат книги, дали тоа би те спречило да издадеш ново издание?

– Има иднина во пишувањето и те како, но можеби сум ја згрешила државата. Но, како и да е тоа не ме спречува да пишувам, но за понатамошните дела ќе размислам дали ќе ги издадам.

Која порака би им ја испратила на младите автори? Како би ги охрабрила тие да го остварат и следат својот замислен сон?

– Ако навистина го сакате не треба да постои граница, затоа што љубовта не знае за граници. Никогаш да не се откажувате од своите соништа, да не се забораваме себе си и детето во нас кое посакува да биде автор, доктор или пилот.

Ознаки: анфас
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

Следна вест

Нов наплатен центар на Водовод Битола

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

мај 9, 2023
245
Следна вест
Нов наплатен центар на Водовод Битола

Нов наплатен центар на Водовод Битола

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist