Заради реконструкција и изведба на градежни работи, промена на канализациона и водоводна мрежа и асфалтирање на улицата „Булевар 1-ви мај“ од страна на приватна фирма, можни се проблеми во водоснабдувањето од потегот „Зграда Борово до Сали Мостот“.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/1-24.jpg)
Поради тоа ЈКП Водовод Битола се оградува од можните проблеми во водоснабдувањето при реконструкцијата на мрежата.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-23.jpg)
При проблеми со кои се соочуваат изведувачите доколку се обратат до ЈКП Водовод Битола, стручните екипи ќе излезат на терен за решавање на проблемите во водоснабдувањето.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-21.jpg)
ЈКП Водовод Битола обезбеди питка вода за пиење
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5-15.jpg)