По 70 години владеење, во 96 година во животот во замокот Балморал во Шкотска почина Елизабета Втора, кралица на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Нејзиниот најстар син Чарлс, поранешниот принц од Велс ќе го предводи Кралството како нов крал за време на периодот на жалост.
Во Соопштението од Бакингамската Палата кратко се вели – Кралицата попладнево тивко почина во Балморал
Посмртните останки утре ќе бидат пренесени во Лондон каде ќе биде спроведен државничкиот Протокол за жалост и погреб.