Состојки:
- 10 лажици брашно
- 1 пециво
- ½ лажичка сода бикарбона
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици кафеав шеќер
- 50 грама брусница
- 4 лажици мелени ореви
- 2 лажици мармалад
- 100 милилитри сок од портокал
- 100 милилитри вода
за премачкување - 2 лажици мармалад
- ореви за посолување
- 11 јатки орев
Подготовка
Ставете го брашното во сад и заедно со пецивото и содата измешајте ги
После тоа ставете ги ванилиниот шеќер, кафеавиот шеќер, мелените ореви, брусницата и мармаладот и измeшајте ги добро.
Исцедете ги портокалите за да добиетео 100мл сок и ставете ги во сувата смеса плус 100мл вода.
Кога ќе се соединат убаво состојките се става во тавче и се пече во рерна на 200 степени околу 30 минути.
Испечената торта штом се излади се премачкува со мармалад и се посолува со исечканите ореви а јатките од ореви може да ги користите за украсување.