Во ОУ Гоце Делчев е во тек реконструкција на внатрешната водоводна мрежа, при што старите поцинкувани цевки се заменуваат со нови полиетиленски цевки со пречник од 63 милиметри.
Од ЈКП Водовод Битола информираат дека со оваа интервенција ќе се обезбеди постабилно и поквалитетно водоснабдување за училиштето, како и поголема сигурност и ефикасност на водоводниот систем.
Реконструкцијата е дел од активностите за унапредување на водоводната инфраструктура и подобрување на условите во образовните установи.
ВОДОВОД БИТОЛА ЗАПОЧНА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА НА КОРИСНИЦИТЕ И ВОДОМЕРИТЕ
ЈКП „Водовод“ – Битола започна организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци....
Прочитај повеќе













