Кепенци
среда, ноември 12, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Сашо Паркет – Сите к*р фактори нѐ гледаат како заебанција

Сашо Паркет – Сите к*р фактори нѐ гледаат како заебанција

декември 15, 2022
во Анфас
46 1
Во градО во кој сите “се знаЈме од наУлица” и во држава во која сите се роднини може и не треба посебно претставување на Паркети, со кои сепак секој нов муабет е ново и оригинално искуство.

Музичката панк-рок група Паркети постојат 31 година. Секогаш внесувале нешто ново, што не постоело на музичката сцена. Нивниот правец и стил на музика е имитиран од многу млади бендови и на некој начин биле едукатори за тоа како една панк-рок група би требало да изгледа во Македонија, а богами и на Балканот. Како и порано така и денес нивниот карактер останал ист: без влакна на јазикот и чиста мисла за тоа што го работат и сакаат да му го пренесат на светот преку нивната музика. И во овој случај за АНФАС (интервју) ни одговорија тврдо и искрено што покажува како една музичка константа треба да изгледа пред помладите музичари.

Паркети се појавија еден убав ден и за тоа време, направија кашапопара на клубската музичка сцена во Битола, ако такво нешто воопшто некогаш постоело. Кога беше тоа и како дојде до идејата и името кое во меѓувреме (на нејќење) прерасна во бренд? Намерно беше или едноставно се случи?

– Со Симсо од прво одделение, негде 1981, сме заедно и седевме во иста клупа во СОУ Стив Наумов и уште од тогаш (можеби од 3-то одд.) веќе имавме некаков бенд со уште неколку другари тогаш, сите слушавме иста музика рокенрол. Чоканче ги гледавме во 1985 првпат во кино Партизан и во тие години, крај на 80-ти, тие ни беа бенд од Битола шо не инспирираше да почниме озбилно со музика, и иако 1989 првпат настапивме под друго име (и беше катастрофа), дури 1991 точно на Референдумот 8 Септември мораше да имаме име па го кладовме привремено Паркети, оти понеделникот кај Миодраг Нечак Миксо ја снимавме првата песна.

Мораше име да имаме. Долга приказна,но во глобала не можевме да се договориме кое име, и некој рече да се викаме корнизи, регали, паркети, шифоњери…и некако Паркети, ко на за*банција ни зазвучи ок. Ни требаше може еден месец да се навикниме и на почеток се срамевме од името. Ко почнавме да свириме, иако сакавме да свириме рокенрол (не знаевме убо да свириме) и зато не нарекоа панкери. Енергијата беше нова за тоа време. Сите бендој свиреа корнеа, плус повеќе беа или симфо рок, или метал, или онака рок, така да, за то време донесовме нешто во Битола шо не постоеше до тогаш.

Денес велат дека со некои ваши песни сте сакале да искритикувате одредена општествена аномалија, да предизвикате промена. Смислено е тоа или спонтано?

– Ние само сакавме да прајме музика која ќе му е интересна на младите тогаш, на која ќе можи да се “исшуткаат” и нема да му е досадно на наш концерт. Трескавме зелени на интервјуата и сето то беше спонтано оти ние такви бевме, ништо не праевме фејкерски, барем тогаш.
Имавме некои настапи со кукаст крст, шо малку ги изнервира некои луѓе, али то се беше онака ради шоу, не сме биле ни нацисти или слично. Сето тоа донесе еден бран на нови бендови 90-тите низ Битола, така да некоја промена се предизвика, дали на поарно или полошо појма немам.

Паркети секогаш се поврзуваат со младите. Дали вашата публика старее или постојано се обновува? И дали денешните нови деца воопшто разбираат што се тоа Паркети или онака едноставно им се допаѓа вајбот, да не речам лудоста?

– Фала Богу се уште не сакаат и младите. Ние се уште сме деца во душата и “вајбо” се уште им фаќа на младата популација. Мада сме свиреле и по свадби. Ние сме интересен бенд, така да и постара публика размрдваме освен ако не е сеа некој премногу озбилен.
Нив ги вадиме од такт. До сега околу 6-7 генерации на млади миниум сме имале фанови и ете се уште идат млади деца на наши концерти.

Дали сметате дека вашата музика е доволно разбрана и вреднувана во Македонија или сметате дека кога ќе ве слушнат надвор од границите сте повеќе ценети?

– За жал во моментот чуствувам дека овде не го ценат тоа што 31 година се уште прекрасна енергија носиме. Паркети се тоа. И самиот естаблишмент на сите к*р фактори во Македонија шо се главни не гледаат само како заебанција, али во то е поентата, ние сме за*банција, но таа за*банција му прај кеф на многу луѓе уште од 1991, а то не е баш лесно. Малку останаа од наше време да свират и да имаат уште уба енергија. Ни фали продукција. Секогаш сме праеле се за без пари и тоа малку е фактор. Не знајме да се лижиме ич.

Дај Боже странство да излезиме, дефинитивно нашиот стил повеќе ќе фати нагоре, ама малку стари сме веќе, така да ај да видиме. За овде немам некоја желба да се трудам за афирмација, за Македонија доволно не знаат.

Како се справувате со хејт коментарите на луѓе што не ги сфаќаат вашите песни?

– Не може на сите да му погодиш. Најлошо беше со “Сакам да те галам”. Иронично нашата најславна песна ја хејтаја најпоќе. Јас сум најголем хејтер на самио себе понекогаш. Некој ја сака “Да ја *бам баба ти на летање”, некој ја сака “Бенг бенг”, некој ја сака “Сакам да те галам”. Има ретки кои ги сакаат сите…греој сме во глобала..али еве 32-ра година ситниме, секогаш имало хејтери или сопарнички бендој, ама повеќето не постојат појќе.

Ѓаволи или Трачери ?

Трачери се наш омилен македонски бенд и легенди во рокенролот, али Ѓаволи од 1985-90г. се друга димензија во времето, времето на Бјело Дугме со Ален Исламовиќ и таквите тие … бичеа рокенрол и то е за почит.

Многумина се чудеа кога дури двапати се обидовте на македонскиот избор за песна на Евровизија и се прашуваа зошто? Дали би се обиделе повторно?

– Првио пат беше рај. Вторио пат пекол. Трет нема да постои, освен да ни речат еве ви 20 илјади евра напрајте нешо јако, а то нема да се деси.

Што мисли Сашо Паркет за кепенците на панк музиката? Отворени се, закатанчени, изронети или заменети со пвц ролетни?

– Социјалните мрежи Тик Ток, Инстаграм, Фејсбук ја закатанчија цела работа. Тешко дека ќе дојди некое аналогно време пак. Со вакви дешавања низ светот, се оди виртуелно – дупли матрикс…али секогаш ќе има луѓе кои ќе си се по старо, и ќе си сакаат рокенрол, панк итн. Јас одамна не сум панкер, онака макс Рамонс и Пистолс дечко.

Има ли Битола надеж за нова рокенрол сцена? Дали ви се обраќаат некои нови деца за совет, помош, соработка?

– Па има сцена во Битола. Одвреме навреме излегваат интересни бендови. За совет ретко, ама самата наша енергија им дава насока.

Дали би ти пречело да те викаат чичко/дедо Сашо?

– Па ме викаат во маалото или некои мои внуци или кај ќерка ми на школо. Староста е неизбежна, ама добар сум за годините, лажам пари.

Како Паркети се гледаат за 10 години?

– Појма неам. Убо би било да излезиме низ бившите ЈУ простори и да си свириме ко досеа, ама со поубај гитари и опрема и иста енергија.

Што би побарал од Дедо Мраз?

Да живеам на море во Хрватска. Скромно, ама да заработвам со музика.

Позз Паркетски

Ознаки: anfasparketiанфаспаркети
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Промовиран учебник по критичка писменост

Следна вест

Татјана Грегова: Среќните и насмеани лица на децата се најдобрата потврда за успех на воспитувачот

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест
Татјана Грегова: Среќните и насмеани лица на децата се најдобрата потврда за успех на воспитувачот

Татјана Грегова: Среќните и насмеани лица на децата се најдобрата потврда за успех на воспитувачот

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist