Кепенци
вторник, декември 5, 2023
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Почетна Анфас
Татјана Грегова: Среќните и насмеани лица на децата се најдобрата потврда за успех на воспитувачот

Татјана Грегова: Среќните и насмеани лица на децата се најдобрата потврда за успех на воспитувачот

декември 18, 2022
во Анфас
90 1

Во време кога често се вели дека воспитанието како компонента од воспитно образовниот процес е запоставено, да се има „специјалист“ за воспитание на деца блиску, во својата заедница е вистински благослов. Добитникот на признанието на Сојузот на просветните работници, Татјана Грегова од Битола е еден таков светол пример.

Во времето во кое живееме, образованието често се споменува како причина за проблемите. Но истовремено и поле каде се наоѓа решението за многу општествени предизвици. Воспитниот момент како компонента е важен дел од образовниот процес и градењето на една млада личност воопшто. Оттука, професијата воспитувач, станува се’ повеќе важна, би рекле – клучна во процесот на развој и позитивни реформи на едно општество, но за жал, кај нас е често на маргините, недоволно вреднувана, па дури и потценувана.

Тоа е причина повеќе да се истакне, посочи и вреднува секој поединeчен светол пример на воспитувач. Татјана Грегова – воспитувач во ЈОУДГ „Мајски Цвет“ во Битола е пример кој заслужува внимание, дотолку повеќе што нејзината посветеност и одговорен пристап кон оваа важна професија беше препознаен од општеството и неодамна таа доби високо професионално признание од  Сојузот на просветните работници. Татјана Грегова е дипломиран учител и дипломиран воспитувач и како што таа умее на шега  да каже – „специјалист“ за воспитание и образование на деца до 10 годишна возраст. Татјана е мастер воспитувач за колегијална поддршка и воспитувач со звање ментор.
Повеќе за неа во ова издание на рубриката Анфас (интервју).

Што значи за Вас професијата воспитувач за предучилишно образование?

– Воспитувач во градинка е лицето кое се грижи за безбедноста, воспитанието и севкупниот развој на децата од 2-6 години за време на престојот во градинка.

Воспитувач е една  благородна професија која може да се стави на листата како една од најодговорните и најстресните професии во современово време.Професија која бара  многу Љубов, одговорност, имагинација, креативност, издржливост,трпение, флексибилност, почит, комуникациски вештини и способности бидејќи покрај работа со децата се работи и со родителите и поблиските членови на семејството на детето.

Затоа една препорака до сите кои планираат да студираат за воспитувач и работат со деца од предучилишна возраст пред да ја донесат одлуката за избор на професија добро да ги запознаат сите карактеристи предности и недостатоци на ова професија, бидејќи наивно е да  се верува  во тоа дека за да се биде добар воспитувач треба само да се сакаат децата. Професијата е постојано изложена на психо-емоционален стрес и бара способност за контрола на своите емоции и однесување.

Што значи за вас лично признанието од Сојузот на просветни работници?

– Признанието кое го добив испраќа една порака дека трудот може да се цени и вреднува во Македонија.

Чест и задоволство е да се добие признание за трудот, работата, посветено време во професијата во работата со децата од предучилишна возраст. Тоа сега ми дава дополнител поттик и мотивација за достигнување на повисоки цели во својот професионален и кариерен развој.

Кој е клучниот момент кога сфатите дека сте добра во ова што го работите?

Клучен момент дека ќе сум добра во тоа што го работам немаше. Тоа беа повеќе моменти пред се  среќните и насмеани лица на децата кога доаѓаа во градинка. После месец дена работа во група со деца знаев дека „тоа е тоа“ жаргонски кажано, што сакам да го работам. 12 години го чекав повикот да го работам со деца и оваа работа е работата која ја сакам и ми причинува задоволство а постои голема разлика  меѓу работа и повик и тоа треба да ни биде јасно.

19 години бев активен член и волонтер во Црвениот крст. Како сертифициран младински лидер и тренер постојано следев обуки и го збогатував своето знаење не само од области поврзани со Црвениот крст. Стекнатото знаење и искуство постојано го досеминирав на обуки и работилници не само со младите членови, учениците, студентите туку и на различни категории на лица од различна возраст и професија.

Искуството од обуките и работилниците многу ми помогна кога започнав да ја работам професијата  учителка  во одделенска настава а покасно и воспитувач во градинка да застанам пред децата без трема, страв несигурност. Пред себе ја имав својата самодоверба, стекнатото академско знаење и компетеции кои стекнав за време на студирањето на Педагошкиот факултет на насоките за предучилишно воспитание и одделенска настава.

Во градинките има и деца со пречки во развојот, секоја од овие попречености е специфична и налага посебен пристап. Како се справувате со тоа?

– За жал во последните години се повеќе децата во градинките имаат развојни потешкотии. Ние воспитувачите постојано се едуцираме и обучуваме да им излеземе во пресрет на овие деца меѓутоа сметам дека овие деца заслужуваат индивидуална поддршка од стручни лица (специјални едукатори и рехабилитатори) бидејќи потребата на овие деца за поддршка е различна и уникатна, од дете до дете.

11

Имате ли некоја посебна анегдота поврзана со работата со деца и комуникацијата со родителите која би сакале да ја споделите?

– Секојдневно во градинарскиот престој и работа со децата се случуваат анегдотски ситуации кои за жал  заради природата на работа во тој момент не сум во можност да ги запишувам, инаку би произлегла книга многу интересни и позитивни, вистинити анегдотски приказни, а баш сега немам некоја која посебно би ја издвоила .

Едно е многу важно при работењето на оваа професија, а тоа нашето однесување. Ние воспитувачите сме модел за секое дете и затоа треба да внимаваме како се однесуваме и кои примери на поучување ги презентираме пред децата, затоа што тие многу добро умееат да имитираат.

Која е Татјана надвор од градинката?

– Бивши професионален спортист, кој тренирал и играл 10 години активно кошарка. Со спортскиот дух се уште се дружам 13 години редовно вежбам пилатес, понекогаш и држам часови заменувајќи го  тренерот по потреба.

Татјана е дел од редакцискиот одбор на издавачката куќа „Едука Мак“ Скопје која е специјализирана за литература за деца од предучилишна и рана училишна возраст.

Коавтор на Македонска Илустрирана Енциклопедија за деца како и два прирачници по математика „ Математички текнувалки“ за деца од предучилишна возраст  и редовен соработник во детското списание „ Супер Смешка“

Соработник во детскиот музички фестивал „Тра ла ла“. Што се однесува до музиката љубителка на евергрин музика , но за музичките вкусови не се зборува секоја музика е добра и посебно убава.

Татјана е љубител на фотографирање. Секојдневно на социјалните медиуми поставува убави фотографии и конкурира на конкурси за фотографија. Инспирацијата е секојдневието. Предизвик  – секој миг, момент, пејсаж, растение, дете.

Како би се опишале себе си како личност?

– Модерново време донесе во нашиот говор да употребуваме зборови од немакедонско говорно подрачје така да за ова прашање ќе употребам еден збор Татјана е„ мулти-таскинг“ личност или во превод, лице кое секојдневно прави по неколку работи нееднаш. Како со тоа се справувам јас велам благодарение на умешноста за организација, а дали е тоа така, најдобро знаат оние кои подобро ме познаваат .

Кога некој ќе побара од мене да се опишам најчесто ги користам придавките со буквата со која започнува моето име три Т: – темпераментна, – тактична, – толерантна – башка табиет по битолски кажано.

Типична, горда битолчанка која сака да  шета, патува, да се дружи, да пие кафе на Широк Сокак, никогаш не неуморна за шопинг, концерти, театар – јавни настани и манифестации. Ја обожувам Битола и убавината на нашиот Пелистер.

Кое е вашето животно мото?

– Никогаш не им го прави на луѓето она што не сакаш тебе да ти го прават.



Ознаки: anfasdecaанфасбитоладеца
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Сашо Паркет – Сите к*р фактори нѐ гледаат како заебанција

Следна вест

Акатист на преподобниот отец наш Нектариј Битолски Светогорец (АУДИО-ВИДЕО)

Поврзани ВЕСТИ

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници
Анфас

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Од Editor
мај 10, 2023
0
355

Разговорот го водеше Ивана Христова Прво сонуваме, а потоа веруваме дека иднината ќе ни го претвори сонот во реалност. Како...

Прочитај повеќе
Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

мај 9, 2023
245
Ивана Атанасовска – Борбата со себе е најтешка

Ивана Атанасовска – Борбата со себе е најтешка

април 17, 2023
662
Следна вест
Акатист на преподобниот отец наш Нектариј Битолски Светогорец (АУДИО-ВИДЕО)

Акатист на преподобниот отец наш Нектариј Битолски Светогорец (АУДИО-ВИДЕО)

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

август 21, 2023
Лето на Широк Сокак – неделна фотогалерија

Лето на Широк Сокак – неделна фотогалерија

јули 22, 2023
Прекини во водоснабдувањето поради градежни работи

Прекини во водоснабдувањето поради градежни работи

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Прекини во водоснабдувањето поради градежни работи

Прекини во водоснабдувањето поради градежни работи

декември 1, 2023
Прекини со водоснабдувањето од ул. Пратизанска, потегот од Бадо до ШИК

Прекини со водоснабдувањето од ул. Пратизанска, потегот од Бадо до ШИК

ноември 30, 2023
ОБУКИ ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ОБУКИ ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ноември 22, 2023
КНИГА ЗА СЛЕПЧЕНСКИОТ СКРИПТОРИУМ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

КНИГА ЗА СЛЕПЧЕНСКИОТ СКРИПТОРИУМ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

ноември 19, 2023

Скорешно

Прекини во водоснабдувањето поради градежни работи

Прекини во водоснабдувањето поради градежни работи

декември 1, 2023
313
Прекини со водоснабдувањето од ул. Пратизанска, потегот од Бадо до ШИК

Прекини со водоснабдувањето од ул. Пратизанска, потегот од Бадо до ШИК

ноември 30, 2023
331
ОБУКИ ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ОБУКИ ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

ноември 22, 2023
3.3k
КНИГА ЗА СЛЕПЧЕНСКИОТ СКРИПТОРИУМ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

КНИГА ЗА СЛЕПЧЕНСКИОТ СКРИПТОРИУМ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

ноември 19, 2023
441
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • Реклама
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Sign In with Facebook
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Sign Up with Facebook
OR

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist