Кепенци
четврток, септември 21, 2023
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Почетна ВИДИ!
„Смртта на Бабарот” (галерија од Вевчански карневал)

„Смртта на Бабарот” (галерија од Вевчански карневал)

јануари 13, 2023
во ВИДИ!
69 1

СМРТТА НА БАБАРОТ

Од кај бога и ѓавола идиме,
а бога и ѓавола бараме;
поарно видено одошто чуено
види ни го лицето,
познај ни го срцето отруено.

Така му тргна веселиот час без часовник,
тој слезе во ноќта, таа се искачи во него.
Бабарите одеа пред своите сенки,
како чадот што одеше пред својот оган
и ѕвонеа ѕвонци околу нивните појаси
и по нив капеше прецутена светлина.

Но за него беше јаве и погледот му јави
дека патот за на небо му е широк и отворен.
И остана да остине сред остинати простори
меѓу Бакарно Гумно и Боишта,
меѓу Устопек, Злокуќани и Орланци,
меѓу Душегубица, Облаково и Дихово,
меѓу Плачковица, Смилево и Мраморец.
Остана да остине ко гламна остината
и од пролет гробот негов перуника ќе го посетува…

Бел снег и црн гавран го издемнаа в глуво време
и од раце му ја одзедоа суровата прачка
и од прачката маѓијата во успаните сокови.
И жубор од изумени жужлиња и жегалци
му го празнеше срцето и во него од утре
водата ќе може да се среќава себеси.
Едно притулено жарче или далечна светлинка,
гаснејќи му на дното од посната душа,
го студенкаше тивко ко падната снегулка.
Воздухот беше огледалце за последната воздишка
и во таа воздишка му се урна небото
ко чардак, ко кула од дувната глуварица.
Веќе стана понизок од снегот што го прегрна
и смртта го подзеде ко дремка или починка.
А кога почна да се разденува,
кога почна да се утри,
душата му ја најдоа на мразурците, усукана вудве, вутри.

Петре М. Андреевски

Поемата „Смртта на бабарот“ од стихозбирката „Дални наковални” од 1971 се смета за едно од најоригиналните дела во македонската поезија, чиешто толкување е предизвик за многумина теоретичари на книжевноста.

Целата стихозбирка означува една нова етапа од творештвото на Петре М. Андреевски со нови жанрови како што се тажаленките и редаленките, опевања и лелекања, драмски прашања и одговори земени од народното творештво и од фолклорот.

Галерија од Карневалот во Вевчани 13.01.2023 фотографирана со мобилен телефон од
Димитра Десановска

Ознаки: karnevalvevcanskividiвевчанскивидикарневал
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Преку поезија до донација – необична хуманитарна идеја на битолска ученичка

Следна вест

„Љубовта е најубавата шминка” – Џина Лолобриџида (1927-2023)

Поврзани ВЕСТИ

Бела Ноќ на Широк Сокак – 25 август Фотогалерија (втор дел)
ВИДИ!

Бела Ноќ на Широк Сокак – 25 август Фотогалерија (втор дел)

Од Editor
август 27, 2023
0
5.6k

БЕЛА НОЌ НА ШИРОК СОКАК

Прочитај повеќе
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
14
Ех, таа Серенада ! Обновениот фестивал за првпат во организација на КИЦ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ех, таа Серенада ! Обновениот фестивал за првпат во организација на КИЦ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

август 25, 2023
331
Следна вест
„Љубовта е најубавата шминка” – Џина Лолобриџида (1927-2023)

„Љубовта е најубавата шминка” - Џина Лолобриџида (1927-2023)

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

август 21, 2023
Лето на Широк Сокак – неделна фотогалерија

Лето на Широк Сокак – неделна фотогалерија

јули 22, 2023
Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

септември 15, 2023
Празнична честитка од ЈКП Водовод Битола

Празнична честитка од ЈКП Водовод Битола

септември 8, 2023
Прекин со водоснабдувањето од сендвичара Корнер до Кафе Централ

Прекин со водоснабдувањето од сендвичара Корнер до Кафе Централ

септември 7, 2023
Завршни активности на проектот Драгорска

Завршни активности на проектот Драгорска

септември 5, 2023

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • Реклама
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Sign In with Facebook
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Sign Up with Facebook
OR

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist