Кепенци
петок, април 17, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ “ТАКИ ДАСКАЛО“

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ “ТАКИ ДАСКАЛО“

мај 6, 2022
во КАЖИ!
33 1

Со бројни активности и со свечена академија која се одржа во Киното Манаки, СОУ „Таки Даскало“ Битола го одбележа својот патрон празник 3 Мај.

На свечената академија, настапија ученици од гимназија и од стручното образование, со прекрасни музички изведби во пијано придружба, како и со рецитали на свои оригинални литературни творби, наградени на републички натпревари и публикувани во зборници на творби. Учениците од билингвалните паралелки рецитираа и глумеа на англиски јазик.

Акцентот беше ставен на креативноста на учениците, кои со своите изведби, талентот и креативната енергија ја воодушевија публиката и кои покажаа дека со правилен и креативен поттик од наставниците можат да го истакнат и развиват својот талент и да постигнуваат успеси кои ќе им бидат мотив за натамошен развој.

Свое обраќање на свечената академија имаше директорот на училиштето, Ристо Грујовски, кој, меѓу другото, говореше за визијата на училиштето и за поставените приоритети и идни планови. Тој истакна:

– Нашата визија и мисија е СОУ “Таки Даскало“ да биде значаен и респектабилен регионален образовен центар, кој покрај квалитетно гимназиско образование и билингвална македонско-англиска паралелка, ќе понуди и квалитетно стручно образование и образовни профили согласно потребите на бизнис секторот. Покрај квалитетен наставен процес, како приоритети кои си ги поставивме се реализацијата на крупните инфраструктурни проекти. Со средства од МОН, во тек на реализација е комплетната реконструкција на двете спортски сали во училиштето, фискултурната и гимнастичарската сала, соблекувалните, додека со наменска донација од Општината Битола, ќе се направи обиколна дренажа околу спортските сали се уредуваат спортските терени, терен за футсал, кошаркарско игралиште, одбојкарско игралиште, кои ќе бидат заградени со жичена ограда, осветлени со рефлектори, а училишниот двор се поплочува и комплетно ќе биде уреден со нова урбана опрема и хортикултурно уредување. Во план се и други инфраструктурни зафати, проект за засебно загревање на спортските сали, а во процес на апликација се и проекти за добивање грантови од Германската и Јапонската амбасада
– истакна Грујовски

– Исто така, како еден од приоритетите на училиштето е воведувањето на дуалното образование, што претставува влог во иднината на стручното образование, за што веќе потпишавме и Меморандум за соработка со Печатницата “Киро Дандаро“ за дуална паралелка во графичката струка, како и Меморандум за соработка за дуално образование и со Печатницата “Фустеларко Борец“. Во наредниот период планираме да воведеме дуално образование и во другите струки, што ќе овозможи учениците да стекнат стручни компетенции и практична работа кај работодавач, да бидат препознаени од работодавачите и да бидат вработени во компаниите – рече Грујовски.

Покрај богатиот музички и рецитаторски дел, на свечената академија, беше промовиран и дел од радиодрамата на англиски јазик која ја подготвија учениците од билингвалните паралелки, во соработка со Американското катче, а која е снимена и на цеде и ќе биде промовирана пред пошироката јавност.

Учениците-графичари поставија изложба “Уметничка графика – сува игла“ и на присутните им поделија примероци од новиот број на училишното списание “ГРСТ“. Графичарите свој придонес дадоа и со техничката обработка на училишното списание и дизајнот на нови маички за училиштето.

Учениците од училишната сообраќајна единица подарија тефтерчиња со пораки за безбедноста на пешаците изработени во соработка со учениците од графичката струка, а како дел од кампањата на Републичкиот совет за безбедност на патиштата наменета за пешаците.

Како дел од програмата беше и модниот еко перформанс за одржлива мода, во кој беа презентирани модели, од еколошки рециклирани материјали, боени и печатени со природни бои и со модни додатоци изработени од рециклиран материјал, изработени рачно од учениците од текстилната струка.

Во рамките на чествувањата на патронот, претходно делегација, предводена од директорот на Училиштето, Ристо Грујовски, положи и свежо цвеќе пред бистата на Таки Даскало, во Градскиот парк, каде му оддадоа почест по повод 80-годишнината од неговата херојска смрт.

Текст и фото:
Марија Младеновска-Димитровска

Ознаки: bitoladaskalotakiбитоладаскалокажитаки
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Балконот на Бети без синот Ендрју и внукот Хари

Следна вест

Европско злато во Велнес-Фитнес за жени

Поврзани ВЕСТИ

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина
КАЖИ!

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина

Од Editor
мај 31, 2025
0
14

По три години посветена работа, ЕКТЕР – Битола со гордост објавува дека нашата едукативна кампања за намалување на пушењето „Кажи...

Прочитај повеќе
Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

мај 14, 2025
14
АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

септември 30, 2024
14
Следна вест
Европско злато во Велнес-Фитнес за жени

Европско злато во Велнес-Фитнес за жени

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist