Проектниот тим на проектот “БАИР“ заедно со Sumnal Association for development of the Roma community in Macedonia и образовните медијаторки организираа средба со учениците од ОУ “Ѓорѓу Сугарев” по повод одбележување и афирмација на Денот на ромската азбука и јазик, 5ти ноември.
Акцент беше ставен и на презентација на ромски буквар издаден 2016-та година од страна на здружението СУМНАЛ. Учениците имаа можност да ја прочитаат ромската азбука и да научат зборови од ромскиот јазик.
Светскиот ден на ромскиот јазик се одбележува на 5 ноември, прогласен во 2015 година од УНЕСКО и повикува на зачувување на ромскиот мајчин јазик, традиција и вредностите на ромската заедница насекаде низ светот.