Жителите на дел од село Кравари утре, 1 јули (среда), ќе останат без вода поради технички зафат на водоводната мрежа, информираат од ЈКП „Водовод“ – Битола.
Според известувањето, прекин во водоснабдувањето ќе има на потегот од црквата „Св. Богородица“ до фабриката „Кромберг и Шуберт“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, а нормалното снабдување ќе биде воспоставено по завршувањето на предвидените активности.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола апелираат до граѓаните навремено да ги обезбедат потребните количини вода и им се заблагодаруваат за разбирањето.















