ЈКП „Водовод“ Битола ги повика сите корисници кои имаат неплатени сметки, добиени опомени или се предмет на тужби, навремено да ги подмират своите обврски за потрошена вода кон претпријатието.
Од „Водовод“ информираат дека на должниците им се остава рок од еден месец од денот на објавувањето на известувањето за доброволно подмирување на заостанатите долгови, со цел да се избегнат дополнителни трошоци и други последици.
Од претпријатието предупредуваат дека доколку обврските не бидат подмирени во предвидениот рок, ќе бидат преземени соодветни законски мерки за наплата на побарувањата. Тоа, како што посочуваат, вклучува и поведување судски постапки против должниците.
ЈКП „Водовод“ Битола апелира до граѓаните навремено да ги регулираат своите долгови и да избегнат дополнителни финансиски и правни трошоци.















