Хумусот во превод значи наут на арапски, кај нас познато како леблебија. Ова традиционално јадење потекнува од Блискиот Исток и се претпоставува дека почнало да се користело негде околу 13 век. Хумусот го чува срцето, го добрува дигестивниот тракт, има добро влијание на холестеролот и ред други позитивни здравствени придобивки.
Исто така е лесен за правење што може и да си го направите дома сами.

Состојки:
- 500 г леблебија
- 3 чешниња лук
- 100 г сусам
- 3 лажички сенф
- сол и бибер
- 1 лажичка сушен магдонос
- Маслиново масло
- Сок од 1 лимон

Подготовка:
Потопете ги леблебиите во вода и оставете ги да отстојат една ноќ. Следниот ден измијте ги и варете ги 40-тина минути.
На тивок оган без масло пржете го сусамот.
Потоа земете ги сите состојки и блендирајте ги се додека не се изедначат. Сол и бибер се додава по вкус. Ако смесата ви дојде премногу густа додајте малку вода.
На здравје.