Кепенци
понеделник, мај 29, 2023
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Почетна КАЖИ!
За Денот на поезијата стихови на македонски од сите меридијани

За Денот на поезијата стихови на македонски од сите меридијани

март 21, 2023
во КАЖИ!
71 1
Пишува Димитра Десановска

Денешниот ден (21.3.2023) е еден од најубавите денови во годината од повеќе причини. Додека на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента, додека на едниот крај на Земјата цутат цвеќиња, на другиот паѓаат лисја, во градот на конзулите, во градот на клавирите, во градот на чупињата, во Битола се одбележува Светскиот ден на поезијата.

По тој повод, во НУУБ ,,Климент Охридски“- Битола се одржа литературно читање, како и промоција на двете јубилејни изданија 10 и 11 од списанието за култура-литература, драмска уметност, филм и издаваштво ,,Современи дијалози“ кои се издадени во 2022 година, а се во издаваштво на Македонското научно друштво – Битола.

За Списанието 2022 година е јубилејна година и токму поради тоа и покрај востановената практика списанието да излегува еднаш годишно, минатата година од печат излегуваат два броја – бр. 10 и бр. 11, и двата со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Во него се застапени уметници и автори од Македонија и од различни држави во светот.

Поздравната реч имаше чест да ја изговори потпретседателот на Македонското научно друштво – Битола, м-р Николче Трајчески, промотор беше универзитетската професорка и поетеса д-р Даниела Андоновска-Трајковска, која истовремено е и главен уредник на списанието. Таа истакна дека освен неа, списанието го уредуваат и проф. д-р Силвана Нешковска, Елизабета Јончиќ и Весна Мундишевска Велјановска која ги дизајнираше кориците со мотиви од уметниците Ниче Василев и Бурхан Ахмети. Редакцијата е потпомогната и од меѓународниот уредувачки совет составен од: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија и Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), вонр. проф. д-р Михо Нонака (Јапонија и САД), Искра Пенева (Србија) и проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина).

За рециталот задолжени беа студентките од Педагошкиот факултет од Битола, Јасна Талевска, Ивона Вурмеска, Димитра Десановска и  магистрантката Ивана Петровска.

Се читаше избор поезија од современи и значајни странски поети кои се застапени во списанието во препев на македонски јазик. Финска, канадска, албанска, бугарска, шведска, турска, хрватска, индиска, арапска и кинеска поезија го украси празникот на речта и заечи во Битола.

Џорџ Кларк, Тин Лемац, Аки Салмела, Ахмед Ал-Мула, Лина Екдал, Хозе Лупијанез, Арти Луши, Аксинија Михаилова, Емел, Косар, Ентела Табаку, Рошел Поткар и Јин Шјиаојан како за момент да зачекорија во нашиов град.

Публиката будно го слушаше читањето на пишаниот збор и беше желна за песна повеќе.

Овој настан уште еднаш докажа дека Битола бил, е и ќе остане град на културата, љубовта, заемната почит и разбирањето. Читањето на поезија од странски поети не само што ја промовира нивната поезија, туку и го доближува светот до нашите простори, а сето тоа благодарение на преведувачкиот тим кој освен што е составен од членовите на редакцијата, вклучува и повеќе надворешни соработници кои несебично се вложуваат себеси во име на поезијата.  

Уште еднаш несомнено се покажа дека Македонија ги сака другите, различните, а всушност истите во сѐ.

Зошто токму поезијата?

Поезијата треба да се чествува, зашто само таа може да го разбуди доброто, милото и најдлабокото бисерче што спие во човекот и го чека трпеливо своето воскресение.









Ознаки: кажи
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Силвана Нешковска – Секоја книга е еден Универзум

Следна вест

Геометрија на поезијата

Поврзани ВЕСТИ

Светски ден на слобода на медиумите
КАЖИ!

Светски ден на слобода на медиумите

Од Editor
мај 3, 2023
0
14

Денешниот ден, под мотото „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ има...

Прочитај повеќе
БАС партнер во прекуграничен проект за стимулирање зелени вработувања

БАС партнер во прекуграничен проект за стимулирање зелени вработувања

април 11, 2023
233
Геометрија на поезијата

Геометрија на поезијата

март 28, 2023
311
Следна вест
Геометрија на поезијата

Геометрија на поезијата

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

ноември 22, 2022
Ќе ти купам нова капела, да бидиш најлична во Битола! – нова серенада на Милениум

Ќе ти купам нова капела, да бидиш најлична во Битола! – нова серенада на Милениум

јануари 18, 2023
Битолска коњаница – од ентузијазам кон традиција

Битолска коњаница – од ентузијазам кон традиција

јули 20, 2022
Повик од пустината – кога тогаш е сега

Повик од пустината – кога тогаш е сега

јули 21, 2022
Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

мај 24, 2023
Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

мај 19, 2023
Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

мај 15, 2023
Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

мај 14, 2023

Скорешно

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

мај 24, 2023
422
Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

мај 19, 2023
411
Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

мај 15, 2023
551
Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

мај 14, 2023
441
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • Реклама
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Sign In with Facebook
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Sign Up with Facebook
OR

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist