Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на 18.09.2022 во ги фатиле Е.А.(26) и Е.Ф.(21) од гостиварски Добридол, под сомнение дека на 16.09.2022 извршиле тешка кражба во помошна просторија од куќа на 41-годишен жител на истото село, од која одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а против двајцата осомничени ќе следуваат соодветни поднесоци.

Додека на 18.09.2022 полициски службеници од СВР Велес го привеле лицето А.К.(26) од Велес. Тој во 23.00 часот со помош на подесен алат влегол во угостителски објект во Велес и одзел неколку предмети. При обид да избега, тој бил спречен од полициски службеници и приведен во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
