Печатот на големиот српски владетел од 12 век, Стефан Немања е напишан на грчки.
Според истата логика која историчарите на македонските соседи ја употребуваат во негирањето и присвојувањето на постоењето на Македонците, би излегло дека овој артефакт јасно потврдува дека Стефан Немања бил Грк (?!)
Зачетникот на познатата српска династија Немањиќи, таткото на Свети Сава, земскиот живот го завршува како монах во манастирот Хиландар на Света Гора, под името Симеон.
Денес во православниот свет се слави како Свети Симеон Мироточив.