Мравките во домот се чест проблем во потоплите месеци, а експертите предупредуваат дека најчесто ги привлекуваат секојдневни навики што многумина ги занемаруваат.

Најголем ризик претставуваат трошките и остатоците од храна на кујнските површини, бидејќи мравките лесно откриваат шеќер и јаглехидрати дури и од поголема оддалеченост.

Долнителен проблем е оставањето непокриена храна, како овошје, леб и слатки, кои брзо стануваат нивна цел. правилното отстранување на ѓубрето и реткото чистење на кантите создаваат мириси што ги привлекуваат инсектите, додека влагата и протекувањето вода им овозможуваат полесно да преживеат.

Експертите предупредуваат и на валканите кујнски апарати, каде често остануваат ситни остатоци од храна. Редовното чистење, затворањето на храната и отстранувањето на влагата се најефикасниот начин да се спречи нивното појавување.

















