Искористете ја сезоната на јагоди и подгответе вкусен десерт кој ќе го обожаваат сите генерации. Најдобро од се e тоа што се прави од само три состојки.
Јагодите се бобинки од семејството на рози кое е богато со витамини, минерали и други хранливи материи. Бидејќи приближно 90 проценти од нивниот состав е вода, јагодите се исто така нискокалорична храна. Во сто грама свежо овошје има само околу 30 калории.
Јагодите се исто така совршена храна за пролетен десерт. Мус од јагодки е лесен и освежителен десерт за кој не ви треба многу знаење или вештини во кујната. Се’ што ви е потребно за да го подготвите се свежи јагоди, шеќер и шлаг, кујнски прибор и малку трпение.
Состојки:
- 350 гр свежи јагоди
- 250 гр шлаг
- 100 гр шеќер
Подготовка:
- Излупете ја кората од јаготките и исечкајте ги на ситни парчиња.
- Во блендер или сечкач за зеленчук изблендирајте ги заедно со шеќерот се додека не се соединат состојките и добиете смеса во вид на пире.
- Во блендер изматете го кремот во шлагот, па измешајте го пирето од јагоди.
- Ставете го во фрижидер најмалку еден час пред сервирање
- Послужете го разладениот крем со парчиња свежи јагоди.
На здравје