Кепенци
среда, април 15, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Дунавка Трифуновска – Нека ме запомнат како храбра и своја

Дунавка Трифуновска – Нека ме запомнат како храбра и своја

јануари 25, 2023
во Анфас
71 1

Во денешно време да си јавна личност значи ризик од изложување на себеси пред суровиот суд на непрофилираната, често променлива „јавност”. Кај нас, речиси и да не постои успех кој не бил мерен, премеруван, суден, релативизиран или оспоруван, како страшен „грев” кој нема да ви го простат. 

Дунавка Трифуновска македонската јавност ја запозна пред сѐ како физички убава девојка, манекенка која како Мис Гранд на светот, не само што ја претстави туку и меѓународно ја испромовира својата земја Македонија.

Но, Дунавка е фармaцевт, интелектуалец со европска диплома, жена со интегритет која добро и многу точно знае што сака да постигне во животот, и смислено и плански ги остварува своите цели. Ѝ пречи големата поделеност во јавноста за сѐ и сешто и има јасен и аргументиран став за тоа што недостига за модата кај нас за да излезе од ограничените локaлни рамки.

Без трачеви, приватни пикантерии и сензации, со една поинаква Дунавка разговаравме во рубриката Анфас.

Уште како девојче сте ја засакале модата и модната писта. Како се случи тоа? Како се случи љубовта, како Дунавка ја привлече сето тоа?

– Љубовта кон модата ми ја пренесе мојата мајка која е прва генерација на југословенски манакенки. Повеличенствено е кога љубовта се раѓа во домот. Кога бев мала, живеев во царството на накитот, чевлите и шминките на мајка ми, го дишев нејзиниот парфем и истото тоа царство го соѕидав во мојот дом.

Што треба да поседува една млада девојка, па и манекенка за да биде успешна и претпознатлива?

– Мх, искрено многу девојки денес сакаат да бидат успешни, што за мојата генерација беше апсолутно непознато, бидејќи во времето кога јас бев девојче и девојка беше важно да се заврши факултет и се тоа беше многу безгрижно. Јас добро ги следев сите модни списанија што ги носеше мајка ми од странство, бидејќи често патуваше, а имавме и добри македонски модни списанија кои беа предуслов за добра едкукација, и едкукатори од Белград, Софија и Лондон. Денес е сосема поинаку. За успехот треба многу фактори, ама и среќна ѕвезда, која секогаш ќе застане на страната на Сонцето за да не биде ничија сенка.

Дунавка е фармацевт. Што претставува за Вас образованието?

– Во моето семејство медицината е традиција, бидејќи и мојата мајка и брат се доктори, па се надополнуваме во приказната. За фармацијата ја послушав мајка ми, која секогаш велеше дека тоа е сигурна и дамска професија, бидејќи двете нејзини најдобри другарки беа фармацевтки кои многу ми помогнаа во едукацијата, а и потоа. Денес имам европска диполома, доволно искуство и бројни пријателства кои чекаат вистинска приказна.

Секогаш сте убава, позитивна, иако често наидувате на коментари од јавноста, кои не се секогаш добри. Што успева да Ве смири или да направи да се чувствувате своја?

– Благодарам. Јас жалам што во нашата земја се создаде огромна поделба на луѓето по различни основи, без разлика дали зборуваме за партиска, национална, верска припадност, а да не зборувам за материјалите разлики. Во таа секојдневна хистерија за успех ќе слушнете и доживеете се, ама не ве помнат луѓето по коментарите на социјалните мрежи. Ве помнат по тоа колку сте биле храбра и своја.

Пред неколку години гордо ја носевте титулата Мис Гранд на светот. Како гледате на тоа искуство од денешна преспектива?

– Искрено долго време се мислев дали да ја прифатам титулата, бидејќи бев едиствена девојка од Балканот. Но, по неколку разговори со првите луѓе на организацијата донесов одлука и денеска тоа е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Верувале или не. После изборот бев во повеќе од дваесет земји, запознав извонредни луѓе и заедно создадовме проекти кои останаа запаметени.

Сте имале можност да посетите голем број држави. Имате ли омилена дестинација?

– Белград ми е во срцето и чува многу спомени, но секогаш кога се враќам во Италија каде две години настапував за Академијата Италијана и во прв ред ме следеа Вивиен Вествуд, Фенди и Мисн, ми се оствари сонот за кој копнеев како девојче.

Како го поминувате слободното време?

– Многу тешка борба извојував за да имам слободно време и да се посветам на себе си. Најчесто го поминувам во пешачење, обожавам да пешачам, да пијам кафе и да ги шетам моите миленици.

Сте ја посетиле и Битола повеќе пати. Како се чувствувате при таквите посети? Ве плени ли битолскиот шмек?

– Битола ме освои на прв поглед. Она што ме привлече беше љубовта на битолчани кон модата и страста за дотерување. В диско одат сите без разлика на годините и тоа ги прави засекогаш млади.

Дали жолтиот печат влијае на Дунавка, на нејзините постапки, на нејзиниот живот?

– Не, секоја “олуја” е добредојдена.

Во каква состојба е модата во Македонија? Што мислите, отворени ли се кепенците за младите надежни манененки?

– Модата во Македонија е недовршена приказна на која и треба смисла на постоење. Неединството и генерацискиот јаз како и неспособноста за компромис ја прави локална. Тоа е недозволиво. Модата е цивилизависка вредност а и бизнис на крајот од денот кој не смее да биде локален. Треба да се надминеме себеси, а со компромис се останато е возможно.








Разговорот го водеше Димитра Десановска
Ознаки: anfasdunavkaанфасдунавка
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Лили Кадинска – Облеката треба да раскажува приказна

Следна вест

Уникатноста и мистериите на Етиопија

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест
Уникатноста и мистериите на Етиопија

Уникатноста и мистериите на Етиопија

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026

Скорешно

Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
14
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
14
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
14
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist