Кепенци
четврток, април 16, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Ивана Петровска – Ме мотивираат луѓето со кои сум опкружена

Ивана Петровска – Ме мотивираат луѓето со кои сум опкружена

февруари 28, 2023
во Анфас
71 1
Разговорот го водеше Димитра Десановска

Во време кога светот живее во трчање и завршување на секојдневните обврски и е презатрупан од современиот начин на живот, како да го подзаборава гласот на младите.

Но, за тоа дека младите продолжуваат да го будат светот, доказ е младата магистрантка од Педагошкиот факултет од Битола- Ивана Петровска.

Таа е дипломиран професор по англиски јазик и книжевност, како и технички секретар на Македонското научно друштво, која има свој јасен став за англискиот јазик, за неговото изучување, и предностите и недостатоците на овој јазик како еден од најраспространетите во светот.

Учествувала на голем број настани кои ги организирал Факултетот и Универзитетот, па тоа уште повеќе ја прави зрела, иако е во своите дваесетти.

Па за да видите каква е таа, како се вљубила во овој јазик, какви искуства носи со себе од студентските денови, во рубриката Анфас разговараше Димитра Десановска.

Сонуваше ли како дете да бидеш она што си денес, дипломиран професор по англиски јазик и студентка на постдипломски студии?

– Откако знам за себе сонував да бидам професор по англиски јазик и книжевност. Секогаш кога си игравме со другарките јас бев професорка, а тие ученички. Мислам дека тоа ми беше омилена игра. Исто така, често знаев “да им држам часови” на моите родители и да им делам тестови.

Како англискиот јазик стана дел од твојот живот, на кој начин се ,,запозна“ со него?

– Првата средба со англискиот јазик се случи гледајќи цртани филмови, подоцна моите родители заедно со наставничката го забележаа мојот талент за јазици и ме запишаа во приватно училиште за странски јазици, каде искрено немав многу желба да одам на почеток бидејќи прв пат се соочив со потешки делови од изучувањето на јазик, сепак вредеше секој момент поминат во изучување на јазик.

Како се одлучи токму за странски јазик, па и јазик кој се зборува насекаде во светот, да биде твоја животна определба?

– Инспирирана од лошата интерпретација на англискиот јазик во секојдневието, што искрено и денес “ми боди очи”, започнав да забележувам ситни детали недостатоци во говорите и коментарите на другите личности. Тоа ме мотивираше првично да учам било каков јазик, подоцна кога забележав дека е неопходно да се знае токму англискиот јазик бев повеќе насочена кон тоа да научам за да се разбирам со сите, во смисла да не бидам лишена од основното средство за комуникација надвор од границите на нашата земја. Денес покрај англиски зборувам и француски, словенечки и италијански што секако се голем плус за мене како професор.

Со оглед на тоа што си студентка на Педагошки факултет-Битола и си посетувала педагошка и методичка практика, предизвик ли е да се предава јазик кој младите го владеат одлично со помош на дигиталните технологии?

– Не би рекла одлично поради тоа  што сите имаат пристап до технологија и секој може да напише сешто. Секако тоа претставува дополнителна мотивација и предизвик за мое максимално вложување како професор. Гледајќи ги коментарите кои кружат на социјалните мрежи многу често ми е јасно зошто младите не зборуваат англиски онака како што би требало, големо е влијанието, но со користење на различни методи од страна на професорите мислам дека е возможно да се надмине тој момент, со што учениците ќе распознаваат што е точно а што не.

Децата од мали нозе се изложени на англискиот јазик. Недостаток ли е тоа или придобивка кога тие седнуваат во училиштните клупи?

– Би рекла дека тоа е голем недостаток гледано на поширока слика бидејќи на тој начин децата го запоставуваат мајчиниот јазик, како што може да се забележи моментално децата најчесто започнуваат да говорат на англиски што е директен удар врз македонскиот јазик. Го губиме она што го имаме повторно заради тоа преголемо влијание од технологијата, и тоа е  многу долга тема за разговор. Од друга страна пак е позитивно за нас, професорите бидејќи со тоа што константо се изложени децата на англиски јазик на училиште се веќе подготвени до некој одреден степен што за нас професорите е олеснителна околност и ако тоа правилно го искористиме можеме да ги насочиме учениците кон љубов кон јазици.

Во рамките на студиите си учествувала на повеќе настани, литературни читања, поетски претставувања итн. Колку е тоа важно за еден студент кој студира Педагошки факултет?

Сметам дека е многу важно бидејќи на тој начин студентот се надоградува и се впушта во водите на реалниот свет, не онај изолиран свет идеално претставен во школските клупи. Вклучувањето во секакви настани го сметам како бенефит бидејќи се запознаваме со различни личности односно експерти од нашата област.

Какви искуства носиш со себе од Факултетот на кој студираш?

– Мислам дека на Педагошки факултет најпрво се сретнав со професори кои беа и верувам дека се брутално искрени во врска со реалниот свет, не дозволуваат да живееме во една средина заштитени од реалниот свет. Тоа како прво искуство го доживеав уште на почетокот на моите студии. Подоцна секој разговор со секој професор, а тука морам да ја издвојам професорката Силвана Нешковска со која најчесто бев во директен контакт, беше ново искуство, ново споделување на идеи и отварање на моите видици. Се до крајот на моето студирање, секојдневно се среќавав со нови ситуации кои се незаменливи и кои денес ми се од голема корист.

Технички секретар си на Македонското Научно Друштво. Како да се биде опкружен со универзитетски професори?

– Со оглед на тоа што сакам да бидам професор по англиски јазик и книжевност на универзитет, се чувствувам многу среќно бидејќи сум опкружена со “големи умови”, лица кои ме инспирираат да ја достигнам мојата цел. Она што ме фасцинира се непресушните идеи кои константно се разговараат и сите вклучуваат напредок и развој, во никој случај осудување, ни празни изговори. Едноставно можам да кажам дека сум во средината во која се надевав дека ќе сум.  

Се затвораат ли кепенците за младите кои го изучуваат овој јазик, со оглед на тоа што е еден од најраспространетите јазици кои се зборуваат?

– Јазикот е жива материја, ниту една технологија никогаш нема да биде во чекор со постојаниот развој на јазикот. Затоа сметам дека не претставува никаква закана ни технологијата ни нејзиниот развој.

Ознаки: anfasанфас
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

80 интервенции, 140 контроли и 8 поправки – Теренски активности на ЈКП Водовод за февруари

Следна вест

Прекини со водоснабдувањето
на „Елпида Караманди” и дел од „Широк Сокак”

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест
ЈКП Водовод Битола – Прекини со водоснабдувањето на корисниците под ул. Бировое Радосављевиќ

Прекини со водоснабдувањето
на „Елпида Караманди" и дел од „Широк Сокак"

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026

Скорешно

Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
14
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
14
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
14
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist