Состојки:
- 450 гр компири
- 100 гр брашно
- 2 јајца 1 кромид
- 1 лажичка прашок за пециво
- сол и бибер по желба
- масло за пржење
Подготовка:
Излупените компири и исчистениот кромид изрендајте ги на тенки ленти и ставете ги во чиста памучна крпа за да се исцеди вишокот течност. Исцедената смеса префрлете ја во поголем сад па додајте ги јајцата, брашното, прашокот за пециво, сол и бибер.
Сè добро измешајте.
Во тава загрејте малку масло за пржење и ставете една или две лажици од смесата во маслото. Направете рамномерен круг како палачинка со шпатулата. Печете ги палачинките од секоја страна околу пет минути или додека не добијат убава и крцкава златна површина.
Печените палачинки пред послужување ставете ги на мрсна хартија.
Добар апетит!