Кепенци
недела, септември 17, 2023
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Почетна Анфас
Рената Петревска Нечкоска –  Иднината е во концептот – корени и крилја

Рената Петревска Нечкоска –  Иднината е во концептот – корени и крилја

април 18, 2023
во Анфас
92 1
Разговорот го водеше Димитра Десановска

Општопозната е поговорката дека човекот учи од своето искуство и дека човек најдобро учи кога ќе почувствува нешто на своја кожа. Во свет во кој секој млад човек ја бара својата шанса за парче под синото небо, за егзистенција и подобар живот, за пракса, надоградување и себеусовршување, ретко кој му го обезбедува тоа. Но за среќа постојат луѓе кои и денес мислат на младите и нивната иднина. Такви луѓе се оние кои работат на ERASMUS програмата. Во оваа прилика имаме можност да поразговараме со институционалната координаторка на ERASMUS проектите на Универзитетот Свети Климент Охридски, Битола проф. д-р Рената Петревска Нечкоска.

За можностите кои ги нуди оваа програма, за категоријата млади студенти кои ја опфаќа, за предизвиците со неа разговараше Димитра Десановска. Прочитајте и видете како светот може да биде на дланка, како се стекнува искуство и пријателства.

Што значи всушност скратеницата ERASMUS, а и целиот овој проект?

– Erasmus+ е програма на Европската Унија за поддршка на образованието, обуките, младите и спортот во Европа. Програмата е најголемата во регионот, и може да ја користат индивидуи и проектни конзорциуми. Скратеницата значи European Community Action Scheme for the Mobility of University Students – со што е очигледен акцентот на мобилност на студенти, но и академски и административен кадар, обучувачи, волонтери и сл. Инаку, инспирацијата за името е според големиот хуманист и теолог Еразмус Ротердамски, чиј живот и работа се одвивале преку постојана мобилност на релацијата Париз, Леувен и Кембриџ, а и самиот стипендирал млади да патуваат за учење.

За која категорија студенти станува збор кога се вели дека Еразмус нуди мобилност во ЕУ држави? Постои ли можност и за студенти и на додипломски и на постдипломски студии?

– Програмата Еразмус + отвора можности за студенти на сите три циклуси на УКЛО – додипломски, магистерски и докторски. Студентите може да бидат на студии на странски универзитет еден семестар или година, и/или на пракса.

За кои ЕУ држави станува збор?

– Програмата како домаќини опфаќа т.н. програмски држави (сега наречени држави со статус – асоцирани на програмата) и т.н. партнерски држави (сега наречени држави со статус – неасоцирани на програмата) и во различни линии, поединции и институции од целиот свет може да бидат вклучени во истата. Но, стандардните мобилности за студенти и кадар се најчесто во државите низ ЕУ, како и нашата држава, Србија, Исланд, Лихтештајн, Норвешка и Турција.

Повеќе на овој линк https://erasmus-plus.ec.europa.eu/programme-guide/part-a/eligible-countries.

Секако, за било која мобилност, потребни се соодветни интер-институционални договори, процедура и запазени рокови.

Дали се доволни финансиските средства кои им се доделуваат на студентитите за живот во странските држави, со оглед на тоа што постои финансиска криза во светски рамки?

– Според досегашните искуства, финансиските грантови се доволни, со добро владение, да се покријат трошоците за време на мобилноста, а младите често вклучуваат и патувања, дружби, дополнителни активности. Смислата на грантовите е покрај редовните издатоци што секој ги има во своето место на живеење, да овозможи дополнителен приход за меѓународна мобилност. Европската Комисија, преку Националните Агенции, ги пропишува, адаптира и одобрува средствата согласно состојбите на економијата во земјите-домаќини каде што би се трошеле, така што извесни осцилации се земени предвид. Секако, ова се грантови, и секој кој поаѓа мора да има предвид и свој финансисти план, можности, заштеди и т.н. бидејќи ние се јавуваме како корисници на грантови, и за тоа треба да сме свесни, благодарни и со добро менаџирање на средствата.

Што треба да направат студентите од Универзитетот ,,Свети Климент Охридски “-Битола за да си ,,обезбедат “ мобилност?

– УКЛО континуирано обезбедува грантови за мобилност кои ги доделува на своите студенти и кадар, и одржува одлична соработка со Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност и Европската Комисија. Нашата интерна процедура подразбира следење на повиците за аплицирање и токовите, во што се вбројуваат и чекорите на истражување и соработка со факултетските координатори, аплицирање, номинација на студентите од нашата централна служба, а доколку мобилноста и грантот се одобрени, спроведување на мобилноста и унапредување на своите знаења, вештини, компетенции и отворени можности, како и придонес за подобрување на самата институција, преку споделување искуства, проактивност и мотивација. Деталите за текот на активностите се наоѓаат на официјалната страница на УКЛО https://uklo.edu.mk/sorabotka/mobilnost/

Постои ли можност за размена или мобилност на стручен универзитетски кадар односно универзитетски професори во странство?

– Секако, тоа е мобилност за одржување на предавања на странски универзитет или за обуки. На тој начин кадарот ги унапредува своите компетенции, воспоставува нови соработки, отвора можности за нови вмрежувања и заеднички напредок во наставната, научноистражувачката и административната сфера.

Какви искуства ,,носат “ со себе студентите кои веќе биле учесници во Еразмус проектите?

– Преубави. На УКЛО караванот за Еразмус +++ Студентски работи, се запознавме со студенти и кадар кои оствариле или остваруваат меѓународна мобилност во рамки на програмата, и нивните сведоштва беа инспиративни и позитивни. Отворањето на умот, личноста, охрабрувањето и мотивацијата кои произлегуваат од тие искуства, се незаменливи. Секогаш им порачуваме, со ум, живи и здрави да се вратите, и најубаво да си поминете. Веќе извесно време, дисеминација на различните искуства правиме и преку хештагот #UKLOErasmus. https://www.facebook.com/hashtag/ukloerasmus

Институционален координатор сте за Еразмус плус на УКЛО. Како Вие сте се пронаоѓате во работата со млади индивидуи кои допрва треба да ја градат својата кариера и иднина?

– Оваа улога ми е совршено вклопување на моите досегашни искуства, мојата личност и она што ме инспирира целиот живот – овозможувањето и откривањето на потенцијалите кај младите. Особено што отсекогаш сум била светски патник, професионално, волонтерски, но и како студент на трет циклус на нашиот УКЛО. Мојата порака е – корени и крилја, имајте ги своите силни и значајни корени во својот факултет, своето семејство и држава, но израснете ги и крилјата на космополитизмот, соработката, толеранцијата и убавината на отворените хоризонти.

Им нудите поддршка и мобилност на млад напреден кадар кој ќе има можност да се образова во странски европски земји. Влијае ли тоа на Вас како личност?

– Секако. Ова е академска мобилност, и надградува квалитет. Особено што верувам во парадигмата на коеволуција, кокреација, ко-сонување. Кога ќе се надминеме себеси во смислата на постоењето, откриваме дека сите сме поврзани, и напредуваме само заедно, со квалитетна мисла и добра намера. Во спротивно, заедно и тонеме. Иницијалното искуство со меѓународна мобилност, комплетирано со одржување релации со мрежите на алумни коишто функционираат континуирано, е начинот како да сме постојано на патеката на подобро, во овие глобално тешки и турбулентни времиња, а во овој волшебен живот. Моето битисување во оваа смисла се состои во градење и одржување функционални мостови на взаемна поддршка, соработка и напредок, со многу труд, посветеност, па и пожртвуваност, како академски граѓанин на светот. Еве го најновиот пример како конкретно го правиме тоа https://link.springer.com/book/10.1007/978-3-031-11065-8

Што мислите, се затвораат ли кепенците за Македонија откако младите студенти еднаш (со помош на овој проект) ќе го искусат начинот на живот во странство?

– Се надевам не. Во рамките на историската трејсер студија што ја направивме со Western Balkans Alumni Association (инфо и комплетен пристап до студијата https://www.western-balkans-alumni.eu/about/tracer-study/, цели студија https://www.western-balkans-alumni.eu/wp-content/uploads/2023/01/wbaa_tracer-study_2021.pdf ) особено за алумните на Еразмус програмата од регионот на Западен Балкан, се констатира дека “одливот на мозоци” (brain drain) е состојба и тренд коишто сè уште тракт и не се заменете со “циркулацијата на мозоци” (brain circulation), како подобра варијанта. Особено младите, чиишто корени се претежно со фамилијата но не и со сопствено семејство, претставуваат најскапоцениот плод што не смееме да продолжиме да го губиме во странство. Прагматичното размислување наведува на тоа дека низ развиена Европа има веќе воспоставени и релативно добри системи, практики, образование, здравство, култура и квалитет на живеење, што се предмет на секојдневна проблематика кај нас. Но, луѓето ги парват системите исто така. Она што е заедничко за целото човештво и секое време и место, е дека треба да се работи вредно, квалитетно, сестрано, несебично, добронамерно, посветено, професионално, а тоа секој го воочува и прави, особено кога живее и работи во понапредна држава. Доколку би се активирале на таков начин луѓето и тука, ќе се отворат кепенците од вашето прашање. А би се затворале само “навечер”, за да го заштитат своето внатре, до следниот сончев зрак. Најискрено се надевам младите ќе бидат понесени од желбата своето искуство, знаење и порив да ги насочат и во квалитетна реконструкција на својата држава, па така би станале градбен елемент во своето и во нашето подобро утре.

Д-р Рената Петревска Нечкоска
Институционален Еразмус координатор на УКЛО
Професор на Економски Факултет Прилеп и Постдокторанд на Универзитетот Гент во Белгија
Ознаки: anfasанфас
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Позитивните туристички практики на Недо Пинезиќ – Го живеам тоа што го зборувам

Следна вест

БАС партнер во прекуграничен проект за стимулирање зелени вработувања

Поврзани ВЕСТИ

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници
Анфас

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Од Editor
мај 10, 2023
0
355

Разговорот го водеше Ивана Христова Прво сонуваме, а потоа веруваме дека иднината ќе ни го претвори сонот во реалност. Како...

Прочитај повеќе
Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

Билјана Граматковски – Нашите млади луѓе треба да бидат нашата „топла авангарда“

мај 9, 2023
245
Ивана Атанасовска – Борбата со себе е најтешка

Ивана Атанасовска – Борбата со себе е најтешка

април 17, 2023
662
Следна вест
БАС партнер во прекуграничен проект за стимулирање зелени вработувања

БАС партнер во прекуграничен проект за стимулирање зелени вработувања

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

август 21, 2023
Лето на Широк Сокак – неделна фотогалерија

Лето на Широк Сокак – неделна фотогалерија

јули 22, 2023
Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

септември 15, 2023
Празнична честитка од ЈКП Водовод Битола

Празнична честитка од ЈКП Водовод Битола

септември 8, 2023
Прекин со водоснабдувањето од сендвичара Корнер до Кафе Централ

Прекин со водоснабдувањето од сендвичара Корнер до Кафе Централ

септември 7, 2023
Завршни активности на проектот Драгорска

Завршни активности на проектот Драгорска

септември 5, 2023

Скорешно

Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

Поради завршни активности на проектот Драгорска прекини со водоснабдувањето од Педагошка до Црн Мост, Бадембалари и Баир

септември 15, 2023
14
Празнична честитка од ЈКП Водовод Битола

Празнична честитка од ЈКП Водовод Битола

септември 8, 2023
14
Прекин со водоснабдувањето од сендвичара Корнер до Кафе Централ

Прекин со водоснабдувањето од сендвичара Корнер до Кафе Централ

септември 7, 2023
14
Завршни активности на проектот Драгорска

Завршни активности на проектот Драгорска

септември 5, 2023
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • Реклама
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Sign In with Facebook
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Sign Up with Facebook
OR

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist