Сокот од грозје содржи фитонутриенти, кои делуваат како антиоксиданси и имаат позитивни ефекти врз телото.
Сокот исто така има различни витамини и минерали, како што се витамин Ц, витамин Б6, манган и друго. Има и лековити својства, а тие се: намалување на холестерол, придонесува за подобра работа на срцето, го намалува ризикот од згрутчување на крвта, помага при дигестивни проблеми, го зајакнува имунитетот и друго.
За засладување не треба да додавате шеќер кога го правите, само малку лимон за вкус, додека за подготовка ви треба само грозје, а како опрема блендер.
Се препорачува да изберете црно или слатко грозје за сокот за да има подобар вкус. Сокот од грозје се подготвува без готвење.
Подготовка:
Одберете ги бобинките од грозје (околу 350 g) и ставете ги во вода да киснат пет минути.
Потоа ставете ги во блендер со 100 мл вода и матете додека не добиете мазна течност. Ако немате блендер, грозјето може да го испасирате со машина за пасирање компири или со раце.
После тоа, процедете го сокот низ сито за да се ослободите од тврдите семиња и кожата што не се измешала.
Додадете неколку капки лимон за засладување.
Уживајте во вашиот здрав сок од грозје