Доколку ве интересираат рецепти за кускус со пилешко, овој е еден од омилените. Наместо класичен ориз, користете кускус.
Состојки:
- 4 парчиња пилешки батаци
- 1 лажичка лук во прав
- половина лажичка пиперка
- сол
- бибер
- 1 сечкано чешне лук
- 1 шолја кускус
- 2 чаши пилешка супа или супа од зеленчук
- 1 гранче рузмарин
- маслиново масло.
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 205 °C. Сувите зачини (лук, сол и бибер) измешајте ги во сад и посипете ги врз пилешките батаци.
- Во тавата загрејте го маслиновото масло и додадете ги пилешките батаци. Печете ги од секоја страна околу четири минути и извадете ги.
- Во истото тавче додадете уште маслиново масло, па лукот и кускусот кој треба да добие златна боја.
- Додадете ја пилешка супа или супата од зеленчук, па пилешко, по желба ставете лимон и рузмарин.
- Се пече во рерна околу 15 минути.
Добар апетит!