Хорската смотра по повод празникот Мала Богородица, има потенцијал и амбиција да прерасне во фестивал на хорско пеење од меѓународен карактер, на кој би настапувале хорови и групи од сите православни цркви.
Со благослов на неговото високопреосвештенство, митрополитот г. Петар во саботата на 17.09.2022 во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола се одржа концерт на византиско црковно пеење.
На концертот настапија трите битолски црковни хорови меѓу кои: византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“, женскиот црковен хор „Св. Макрина“, детскиот хор Свети Стилијан и ресенскиот црковен хор „Св. Ахил Преспански“.
Фото: Михајло Ивановски