Булинг, врсничко насилство од различен тип и најпопуларното денес сајбер булинг. Но дали сме свесни за случувањата околу нас, дали можеме да препознаеме насилство и да се справиме со него?
Дали ги знаеме последиците од булингот? Одговори на овие и на уште многу прашања поврзани со оваа тема добија учениците од прва и трета година графичка струка во СОУ Таки Даскало Битола. Голема благодарност до училишниот психолог Марија Младеновска Димитровска за нејзината несебична поддршка.