Кепенци
вторник, мај 30, 2023
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Почетна ROYAL PROM
За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

ноември 22, 2022
во ROYAL PROM, ЗЛАТЕН КЛУБ
1.2k 25

Интернет порталот Кепенци.мк кој е новорoдeнче во виртуелниот медиумски „етер“ во Македонија, со првата дружба и фотографирање со матурантите од СЕУ „Јане Сандански“ ја почна големата акција за избор на матуранти на генерацијата 2022.

*линк од гласањето: https://www.kepenci.mk/royal-prom-of-bitola/

Идејата е матурантите од сите средни училишта во градот преку кампањата Royal Prom да добијат поголема видливост и влијание, во услови кога младите во Битола воопшто се чувствуваат по малку запоставени и игнорирани од општеството.

На неколкуте средби кои ги имавме со претставници на Младинскиот совет на Битола и средношколци од матурските одбори околу идејата за ваква заедничка акција, младите ни рекоа – шуќур на некој да му текни на нас, оти нас никој не не есапи серозно ниту ни обрнува внимание, па дури и дома. Независно дали е ова правило или исклучок, дали е објективен одраз на реалноста или субјективен впечаток кој се разликува од случај до случај, сепак звучи болно отрезнувачки и создава чувство на одговорност кај секој возрасен во градот – велат од редакцијата на kepenci.mk за развојот на идејата и процесот низ кој се стигна до Royal Prom.

Така обичната идеја за поголема видливост на младите во градот и промоција на Младинскиот совет на Битола, кој е формиран пред речиси една деценија, но дури ни голем дел од младите до пред некое време не знаеле дека постои, преку заеднички акции и кампањи со порталот kepenci.mk прерасна во сеопфатна градска акција во која возрасните, институциите, бизнис секторот, естрадата … заеднички многу јавно и многу гласно и опипливо ќе им покажат на нашите деца кои зачекоруваат во светот на возрасните – дека ни се важни.

Крајно време е Младинскиот совет на Битола, да не биде само една убава идеја на хартија, туку вистински проактивно тело кое ќе ги организира младите и ќе ги застапува нивните интереси пред институциите. Мислам дека оваа генерација млади има сериозен потенцијал, желба и волја да успее да се избори со тоа за конечно возрасните да почнат да не сфаќаат сериозно, како релевантна сила за помош и рамноправен партнер, а не како товар и обврска
– вели Ивана Атанасовска, претседател на Младинскиот совет на Битола

Кампањата на kepenci.mk која е замислена како забава и игра, иако носи многу сериозна порака, преку медиумот на кој младите денес трошат најголем дел до своето време – Интернетот има за цел да ги мотивира, ангажира, поттикне и обедини матурантите од целиот град и преку настанот Royal Prom да им пренесе порака дека се, и тоа како, важни за Битола и за нејзината иднина.

Преку фотографии – сериозни, групни, смешни, глупави, креативни, духовити, низ кампања за гласање која матурантите самите ќе ја спроведуваат, но и преку сериозни предлози за вреднување, почитување и наградување на нашите не само убави, туку и паметни деца, низ натпревар и симболично внимание преку секакви награди – матурантите на овој начин нема само да се забавуваат, туку ќе го развиваат својот претприемачки и организациски дух, натпреварувајќи се меѓу себе не само во убавина, како што изгледа на прв поглед, туку и во способност самите да поттикнат, организираат и осмислат своја сопствена кампања во најсериозна маркетиншка смисла.

Ова е до толкава мера заедничка акција, што самите матуранти беа прашувани за сферата на интерес, што за нив би било интересно како награда, што сакаат, а што не, што им е кул, а што пфф, што само по себе претставува и своевидно статистичко истражување, за тоа на што, на пример ова лето матурантите најмногу би се радувале. На пример желбата за патување, летна авантура, излегување и забава им е очекувано на прво место, но тука е интересот за полагање за возачка дозвола, планови за студирање, грижа за своето тело, убавина и исхрана, додатоци, брендови, накит, понекоја книга, спортски натпревари, авантуристички спортови, па дури и јавање коњи како необична љубопитност и желба.

Така од обична желба за медиумска соработка и обичен тековна интернет промоција, се роди идејата за една голема кампања во која безмалку ќе биде вклучен целиот град, со сериозен потенцијал да прерасне во традиционален генерациски настан на битолските матуранти.

Кампањата Royal Prom се состои од три етапи :

  • Фотографирање на матурантите од сите училишта пред почетокот и за време на нивните матурски прослави, од 17 до 26 мај
  • Гласање на порталот Кепенци.мк каде ќе бидат објавени галериите за Royal Prom 2022 од 27 мај до 12 јули
  • Голема градска матурска забава на отворено, на платото пред Офицерски дом со прогласување на Prom King , Prom Queen и другите членови на матурското „кралско семејство“ на Битола, со наши битолски естрадни изведувачи

Кампањата ќе има и хуманитарна компонента – акција во која матурантите заедно со спонзорите и поддржувачите ќе соберат средства кои ќе се донираат материјални добра и парични средства со прецизна намена, на социјално загрозено семејство, за кое самите матуранти од „кралското семејство“ ќе се одлучат.

Од самиот почеток, акцијата е поддржана и од популарниот македонски музичар, битолскиот Супермен Виткор Апостоловски, кој вели дека иако помина повеќе од деценија од времето кога тој бил матурант, се препознава и целосно се идентификува со фрустрираноста на матурантите поради чувството дека се игнорирани од општеството, но и со целта на кампањата малку да размрда, да освести и да сврти внимание кон оваа важна генерациска возраст за иднината на Битола.

View this post on Instagram

A post shared by Кепенци Кратко-и-јасно (@kepenci.mk)

Виктор, кој е постојано меѓу матурантите, што виртуелно, што вистински, ќе биде и водител на завршната забава на Royal Prom пред Офицерски.

@kepenci.mk

@professor_va #fyp kepenci.mk Royal Prom 2022

♬ original sound - kepenci.mk

Целата кампања, досега наиде на позитивен одзив кај бизнис заедницата на Битола која, секој на свој начин, достојно ќе ги испочитува матурантите со соодветни награди, е поддржана од Општина Битола, Младинскиот совет, Културниот и Информативен Центар (Офицерски дом) и Здружението на граѓани за афирмација на дигиталната култура QR Општество кое е партнерски задолжено за интернет промоцијата на Royal Prom of Bitola 2022.

Галерија од завршниот настан: https://www.kepenci.mk/galerija-final/

Ознаки: 2022maturantiroyal promzlaten klubзлатен клуб
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Водовод Битола – Крводарителска акција

Следна вест

ЈКП Водовод Битола – прекини со водоснабдувањето во Јени Маале

Поврзани ВЕСТИ

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)
ROYAL PROM

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

Од Editor
мај 14, 2023
0
441

https://www.youtube.com/watch?v=wc0ofD-M-W8

Прочитај повеќе
Кога убавината се прелева во вистина – Наградата Ацо Шопов за „Убавите жени” на Зоран Пејковски

Кога убавината се прелева во вистина – Наградата Ацо Шопов за „Убавите жени” на Зоран Пејковски

февруари 7, 2023
314
Волонтерско признание за Здружението “ВИКТОРИ”

Волонтерско признание за Здружението “ВИКТОРИ”

декември 5, 2022
221
Следна вест
Битола – најавени прекини во водоснабдувањето

ЈКП Водовод Битола - прекини со водоснабдувањето во Јени Маале

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

За прв пат во Битола: Royal Prom – Избор на матуранти на генерацијата

ноември 22, 2022
Ќе ти купам нова капела, да бидиш најлична во Битола! – нова серенада на Милениум

Ќе ти купам нова капела, да бидиш најлична во Битола! – нова серенада на Милениум

јануари 18, 2023
Битолска коњаница – од ентузијазам кон традиција

Битолска коњаница – од ентузијазам кон традиција

јули 20, 2022
Повик од пустината – кога тогаш е сега

Повик од пустината – кога тогаш е сега

јули 21, 2022
Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

мај 24, 2023
Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

мај 19, 2023
Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

мај 15, 2023
Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

мај 14, 2023

Скорешно

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

Животот ми беше чудесно патување – Тина Тарнер (1939-2023)

мај 24, 2023
422
Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

Водовод Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на на ул.Студентска

мај 19, 2023
411
Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

Водовод Битола – рокот за плаќање корисниците со заостанат достастува до 26 мај

мај 15, 2023
551
Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

Матури се ближат – Сефте сликање со ветераните од ROYAL PROM на Широк Сокак (ГАЛЕРИЈА)

мај 14, 2023
441
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • Реклама
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Sign In with Facebook
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Sign Up with Facebook
OR

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist