Парењки се старо, традиционално руско јадење или поточно гарнир, кое согласно новите нутриционистички текови масовно се враќа во мода. Денес ги нудат како веганска храна, а ги прават главно од коренести растенија како цвекло, ротквици, репка и моркови.
Парењките од моркови се прават најчесто, и се застапени секаде, од ексклузивните ресторани, до домашната кујна.
Состојки :
- 1 кг. моркови
- 30 мл. масло
- сол, рузмарин, нане и сушен лук за арома, по желба
Подготовка:
Морковите се лупат и се варат во вода.
Кога ќе се во полусварена состојба се вадат, се цедат, се сечат на долги и тенки стапчиња и се редат во плех за печење во рерна.
Се полеваат со масло и евентуално со зачините кои сте ги одбрале.
Се печат на 200 степени околу 20 минути.
Вака подготвените парењки се многу потрајни за чување од свежите моркови, па можат и да се наредат во тегла со масло и да имаат улога на конзервирана зимница.